
Македонија со пораз од Фарски Острови го почна насапот на СП - Митун ни даде 15 гола!
Селекцијата на Фарски Острови на големиот турнир до 21 година настапува со вајлд-карта, но и покрај тоа беше фаворит на денешниот меч со Македонија и ја на теренот ја оправда таквата улога.
Првото полувреме беше израмнето, репрезентациите се менуваа во водство, во финишот Фарски Острови беа подобри и на одморот заминаа со еден гол позитива, беше 16-15.
Во второто полувреме нашиот противник беше подобар, почна полека да се одлепува и да создава предност од повеќе голови разлика, на крајот победија со пет, конечниот резултат беше 33-28 за Фарски Острови.
Најдобри стрелци кај Македонија беа Калајџиески и Узунчев со по шест гола, а Фарски Острови го имаа неверојатниот Митун кој постигна дури 15 погодоци.
Следниот меч на Македонија е веќе утре против селекцијата на Романија, натпреварот почнува во 14 часот. Романците во првото коло го совладаа Исланд со 29-25.
Првите две од групата продолжуваат во следната фаза, па доколку сакаме да одиме таму ќе ни биде неопходен триумф на утрешниот меч против Романија.