Зверев се „прошета“ до осминафинале во Хале

Третиот тенисер во светот, Александер Зверев се пласира во осминафинале на турнирот во Хале, откако во два сета го декласира Маркос Гирон со 6-2 и 6-1.

Зверев немаше проблеми против ривалот од САД, па го совлада за само еден час и 20 минути, со што си закажа осминафинале против Лоренцо Сонего.

Пласман во осминафинале обезбеди и Русинот Карен Хачанов, кој славеше против Зизу Бергс со 7-5 и 6-3.

Фото: EPA PHOTO