Гвардиола го избра новиот капитен на Манчестер Сити

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола реши капитенската лента да му ја даде на Бернардо Силва, кој ќе биде наследник на Кевин Де Брујне.

Гвардиола за заменик капитен го постави шпанскиот фудбалер Родри, како и Ерлинг Халанд и Рубен Дијаш.

Силва е член на „граѓаните“ од 2017 година, а досега за премиерлигашот одигра 404 натпревари и постигна 72 голови, а освои 17 пехари.

Фото: Facebook/Manchester City