Фер-плеј потег на вечерта: Пелистерци на раце го изнесуваа охриѓанецот Мацуока (ВИДЕО)

Второто полуфинале во Охрид помеѓу домаќинот Охрид и Пелистер донесе голема борба во која предвреме натпреварот го заврши одличниот Јапонец, Хироки Мацуока.

Мацуока беше еден од најважните на теренот и многу работи во играта на Охрид зависеа од него, па сигурно дека на домашниот состав ќе му биде тешко да продолжи. При повредата го видовме и фер-плеј потегот на вечерта во кој двајца ракометари на Пелистер го изнесоа од теренот, а целата сала ги поздрави со аплауз.