Попримитивно и понекултурно не може: Фабињо го направи најгрозниот потег кон Азар (ВИДЕО)

Ливерпул го победи Челси со 2-0 и остана во мртвата трка со Манчестер сити за шампионската титула во Премиерлигата, но освен триумфот, мајсторијата на Мохамед Салах, мечот го одбележа и примитивизмот и гнасниот потег на Бразилецот Фабињо врз Еден Азар, ѕвездата на Челси.

Фабињо му удри добар „ќотек“ на Азар за време на мечот, дури се бунтуваше кога Азар ќе лежеше на теренот, ама врв на се е кога – исекна нос врз главата на Белгиецот. Фабињо покажа дека џабе големите милиони, кои не може да му ја купат културата.

Сега останува да се види дали дисциплинската комисија ќе реагира и ќе го казни Фабињо.