Наместо кошарка – циркус: Ќе се испотепаа играчите на Јута и Оклахома (ВИДЕО)

Кошаркарот на Оклахома, Расел Вестбрук, знае да направи многу одлични потези во текот на некој натпревар, но не може да прифати пораз.

Оклахома е пред елиминација од Јута во плејоф-серијата во НБА, а на малкумина ќе им биде жал кога ќе го погледнат однесувањето на Вестбрук.

Големата НБА ѕвезда не знаеше да прифати негатива од 20 поени при резултат 101-81 на само пет ипол минути пред крајот, па со груб потег се обиде да го спречи противникот во контра, а потоа се создаде мешаница на теренот.