Клубот на екс-вардарецот Демири ја бојадисуваше тревата за да биде зелена!

Натпреварот во Лигата на Европа помеѓу украински Мариупол, во кој настапува нашиот интернационалец Бесир Демири и француски Бордо го одбележа една интересна сцена пред почетокот на мечот.

Големата топлина ја уништи тревата на стадионот, каде што игра Мариупол, па на некои делови воопшто ја немаше.

Сепак, Украинците најдоа решение за проблемот. Решија со боја да ги прекријат некои делови од теренот, каде што тревата беше оштетена.

Екипата на Демири не излезе со никакво соопштение до јавноста за ова случување, а боењето на тревникот може да го погледнете тука.