
Беше страв и трепет за голманите, па почна да се дрогира: Користев кокаин и паднав во депресија
Бразилецот во кариерата освои 23 титули, но по пензионирањето почна неговиот пекол кога земал дрога и паднал во депресија.
„Се дрогирав, користев кокаин и паднав во депресија. Кога ќе станеш успешен фудбалер има многу замки и лажни пријателства. Некои луѓе ми понудија дрога и јас почнав редовно да ја конзумирам“, откри Жардел.
Жардел беше во тешка ситуација, а минатата сезона учествуваше и во „Големиот брат“ кој се емитуваше на една португалска телевизија.