УЕФА го суспендираше Пеп Гвардиола!

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола заработи суспензија од два натпревари од УЕФА поради неговото недолично однесување на дуелот со Ливерпул во Лигата на шампиони. 

Шпанецот беше исклучен од натпреварот на полувремето од реваншот на „Етихад“, кога ги критикуваше судиите поради делењето на правдата во првиот дел. 

Ливерпул исто така беше на Дисциплинска кај УЕФА поради дивеењето на навивачите пред четвртфиналните и полуфиналните натпревари. Казната за „црвените“ е 29.000 евра, но следната недела УЕФА најверојатно ќе изрече уште една казна и тоа за Рома, откако нејзини двајца ултраси претепаа навивач на Ливерпул пред „Енфилд Роуд“.