Педри - најголемата грешка на поранешниот директор на Реал
Пред да пристигне во Барселона, тогаш талентираниот играч за врска беше поврзуван со Реал Мадрид. „Кралскиот клуб“ имаше шанса да го доведе на Бернабеу, но одлучи да не го стори тоа. Виновник за тоа е легендарниот Емилио Бутрагењо. Ова го откри поранешниот член на клубот Пепе Мел.
„Еднаш разговарав со Емилио Бутрагењо и тој ми рече дека клубот го разгледувал Педри, но дека не мисли дека е играч на Реал Мадрид“, вели Мел, кој во тоа време работеше како тренер на Лас Палмас.
Така, Реал остана без вистински сензационален играч, а Педри заврши во Барселона и стана еден од најдобрите играчи за врска во светот. Денес, на тимот на Чаби Алонсо му недостасува таков играч. Речиси и да нема креативност во средниот ред откако си заминаа Лука Модриќ и Тони Крос. Педри, од друга страна, блеска во Барселона. Тој игра навистина прекрасен фудбал, а оваа сезона во 19 настапи има два гола и шест асистенции.