Бомба од Стемфорд Бриџ: Винисиус понуден на Челси?
Наводно, претставници на Винисиус го понудиле фудбалерот на Челси откако „седумката“ на Реал изразила подготвеност да заигра за лондонскиот клуб. Од Стемфорд Бриџ потоа била испратена понудена за Винисиус во висина од 130 милиони фунти која тешко дека би била доволна за трансфер на еден од најдобрите светски фудбалери во моментов.
Засега е неизвесно дали Реал е подготвен да го продаде својот фудбалер, но ако до крајот на оваа сезона не биде продолжен договорот кој важи до јуни 2027, веројатно мадридскиот гигант ќе биде принуден да го направи тоа. Вредноста на Винисиус се проценува на 150 милиони евра, но летоска имаше информации дека од Саудиска Арабија имало понуда за 400 милиони евра.