Челси има нов тренер, а неговиот татко држи еден урнебесен фудбалски рекорд!

Челси од денеска и официјално има нов тренер, тоа е 41-годишниот англиски стратег, Лиам Росениор кој допрва треба да се докажува на фудбалската јавност.

А кога Росениор е во центарот на вниманието, интересно е да се спомене и рекордот на неговиот татко, Лерој Росениор.

Тој исто така работел како тренер и е најбрзо отпуштениот тренер во историјата на фудбалот.

Во 2007 година седнал на клупата на Торки, а отпуштен бил само 10 минути подоцна, откако станало јасно дека веднаш по неговото назначување клубот официјално бил продаден на друг сопственик кој решил да му даде отказ.

Лиам Росениор веќе е подолго тренер на Челси отколку што бил неговиот татко Лерој на Торки, но има многу сомнежи дека тој долго ќе се задржи на клупата на сините од Стемфорд Бриџ.