Тер Штеген се повреди и нема да брани во Суперкупот на Шпанија

Барселона се соочи со нов проблем пред завршниот турнир на Суперкупот на Шпанија, кој се игра во Џеда, затоа што се повреди голманот Марк-Андре Тер Штеген.

Тер Штеген беше дури трет избор на тренерот Ханси Флик, но се очекуваше да добие шанса на Суперкупот, меѓутоа чуварот на мрежата се повредил на тренингот кој се одржа вчера.

Каталонскиот гигант првиот меч го игра вечерва од 20 часот против Атлетик Билбао во Џеда.