Барселона конечно се раздолжи со тренерот кој доживеа епски дебакл

Поранешниот тренер на Барселона, Кике Сетиен, откри дека морал да чека речиси четири години за каталонскиот клуб целосно да ги подмири финансиските обврски кон него по отказот во 2020 година.

 Во изјава за шпанските медиуми, 67-годишниот стрaтег говореше за големите одолговлекување на исплатата кои според него се доказ за проблемите со кои се соочува каталонскиот клуб.

По отказот, поранешниот тренер отворил судска постапка за да ги наплати своите побарувања, но денес вели дека Барселона повеќе нема никаков долг кон него.

„Им требаа три или четири години за да ми ги исплатат обврските. Сега сè е решено. Го исполнија сето она што ми го должeа и приказната е завршена.“, отворено изјави Сетиен.

Мандатот на Сетиен на клупата на „Камп Ноу“ беше краток и исполнет со турбуленции. Тој пристигна во јануари 2020 година, среде сезона, како замена за Ернесто Валверде.

На чело на Барселона се задржа само седум месеци, во кои на 25 натпревари запиша 16 победи, четири нерешени и пет порази, завршувајќи ја сезоната на второто место во Ла Лига, зад Реал Мадрид.

Сепак, неговата ера во каталонскиот гигант ќе остане најмногу запаметена по катастрофалниот пораз од 8-2 од Баерн Минхен во четвртфиналето на Лигата на шампионите