„Одигравме тежок меч со Бахреин, но како течат подготовките ќе бидеме сè подобри“
Ѓоргиев, сепак, смета дека на натпреварот имале одредени падови, но како течат подготовките, така ќе стануваат сè подобри.
„Најпрво сакам да им честитам на моите соиграчи за борбата против Бахреин. Ова беше тежок натпревар за игра, но мора да имаме на ум дека ова е подготвителен меч и како поминува време ќе бидеме сè подобри и подобри. Мислам дека можеме да одиграме многу подобро. Оваа средба имаше успеси и падови, но среќни сме за триумфот“, кажа Ѓоргиев.
Македонија следниот меч на „Жолтиот куп“ го игра денеска против Украина.