Кирјос делумно се откажа од Австралијан опен, Вавринка доби специјална покана

Ник Кирјос нема да настапи на Австралијан опен оваа година, додека од друга страна беше испратена специјална покана за швајцарскиот тенисер Станислас Вавринка.

Кирјос делумно се откажа од турнирот, односно нема да настапи во сингл-конкуренција, туку ќе игра во двојки заедно со Танасис Кокинакис.

„Не сум целосно подготвен за настап во Мелбурн. Пет сетови се премногу, не можам да играм толку. Подобро мојата покана да ја добие некој подготвен тенисер“, објасни Кирјос.

Вавринка претходно објави дека ова ќе му биде последна година на тениските терени, па ќе даде сè од себе во Австралија.

Фото: EPA PHOTO