Вардар го очекува пеколна пречка за пласман на Ф4 (ФОТО)
„Црвено-црните“ одат директно во четвртфиналето, но таму ќе имаат мошне силен противник. Тоа ќе биде победникот од двомечот меѓу францускиот Монпелје и шведскиот Елверум, екипи кои бележеа добри резултати во групната фаза.

Елверум го освои второто место во својата група само поради полошиот сооднос со Порто (победа со два и пораз со четири разлика). Монпелје имаше многу потешка задача, се наоѓаше во група со Кил и Фленсбург и заврши трет исто така поради полошиот биланс со Фленсбург (победа со три, пораз со пет разлика).
Со кого и да се сретне, Вардар ќе биде домаќин во реваншот, а ако се пласира на завршниот турнир, противник ќе му биде еден од најтрофејните европски клубови Кил. Фајнал Фор во Европската лига е на програмата на 30 и 31 мај во Хамбург.