Бомба од Осгровот: Манчестер Јунајтед во трка за потписот на Елмас!
Италијанскиот Тутомеркатовеб објави дека тимот од Премиер лигата е меѓу клубовите што се заинтересирани за потписот на 26-годишникот, кој игра одлична сезона под водство на Антонио Конте во Серија А. Иако често оспоруван, последните месеци нашиот фудбалер ужива голема доверба од тренерот кој неодамна толку го испофали што рече дека заслужува споменик пред стадионот „Диего Марадона“.
Ситуацијата е особено интересна поради структурата на неговиот тековен договор. Елмас му се придружи на Наполи од Лајпциг со опција за откуп поставена на 16 милиони евра (13,7 милиони фунти), сум што се смета за релативно ниска на тековниот пазар. Како резултат на тоа, неколку клубови од Премиер лигата би можеле да ја разгледаат можноста за трансфер, ако Наполи одлучи да ја активира и да го продаде Елмас. Тој беше цел на Вест Хем минатото лето, кога сè уште играше во Германија, но на крајот го избра италијанскиот тим.