Македонска песна ечеше во Германија: Играчите на Вардар и навивачите заедно славеа (ВИДЕО)
Нашиот тим се чувствуваше како да игра на домашен терен, а ракометарите на Иван Чупиќ знаеја како да возвратат за тоа. Го растурија бундеслигашот со 34-25 и го освоија првото место во групата со што и обезбедија директен пласман во четвртфиналето од ЕХФ Европската лига.
По завршувањето на натпреварот, неколку минути во Ротенбарх хале ечеше само македонска песна. Домашните фанови си заминаа, а играчите на Вардар заедно со Македонците прописно го прославија големиот успех на овој меч.