Ливерпул пак со наведната глава си оди од Истанбул, нова победа за Галатасарај! (ВИДЕО)
Овие два тима се сретнаа и во лигашкиот дел од сезоната во Лигата на шампионите, тогаш беше 1-0 за Галатасарај, а тој резултат е остварен и денеска.
Единствениот гол беше постигнат уште во седмата минута кога по еден корнер, топката дојде до Осимен кој со глава асистираше до Лемина, а тој погоди за водство од 1-0.
До крајот се играше динамично, со напади и шанси и на двете страни. Со помош на ВАР беа поништени по еден гол и за Галата и за Ливерпул.
Патникот во четвртфиналето ќе се решава во Ливерпул.