Донарума сака Мбапе да игра против Манчестер Сити!
Донарума и Мбапе беа соиграчи во ПСЖ, па голманот му посакува се најдобро на напаѓачот кој ќе го пропушти утрешниот дуел, но можеби ќе биде подготвен за реваншот.
„Мбапе нема да игра утре? Имав доволно среќа да играм со него. Тој е неверојатен талент. Како голман, предност е да го немате во противничкиот тим. Ќе имате помалку работа, но кој и да игра на негово место е шампион. Се надевам дека тој ќе се опорави наскоро и ќе игра во реваншот. Го заслужува тоа“, рече Донарума.