Газење во Мадрид: Атлетико му даде четири гола на Тотнем за 16 минути, Тудор го смени голманот
Од шестата до 22. минута, Шпанците постигнаа дури четири гола и имаат огромно водство кое уште сега може да гарантира пласман во четвртфиналето од Лигата на шампионите. Отвори Љоренте, зголеми Гризман, а потоа стрелаа и Алварез и Ле Норман, па натпреварот многу наликува на оној против Барселона во Копа дел Реј.
По третиот примен гол, Игор Тудор направи голманска смена и на местото на Кински го стави Викарио. Стартниот голман беше виновен за два од трите гола на Атлетико Мадрид.