Мартинели збесна и тргна да го исфрли повредениот Бредли од терен (ВИДЕО)

Арсенал и Ливерпул одиграа без голови во 21. коло од Премиер лигата, а во завршницата од мечот се случи инцидент кога Габриел Мартинели тргна да го исфрли Конор Бредли од теренот.

Мартинели не бил свесен дека Бредли е посериозно повреден, туку мислел дека фудбалерот на Ливерпул сака намерно да потроши време, па затоа реагирал бурно поради што реши да се извини.

„Разговарав со Бредли. Му се извинив. Навистина не бев свесен дека е серизоно повреден. Сакам да се извинам на сите поради мојата реакција“, објави Мартинели.