Се зголеми македонската колонија на Кипар, Енозис ја исполни и втората желба на Маркоски (ВИДЕО)

Марко Симоновски брзо доби друштво и Енозис Паралимни каде што тренер е Бојан Марковски денеска го потврди ангажманот на уште еден македонски фудбалер.

Станува збор за Демир Имери кој и претходно се најавуваше дека е блиску да потпише за кипарскиот клуб.

Имери пристигнува на Кипар да ја засили конкуренцијата на крилната позиција, а пристигнува од Работнички каде што настапуваше во првиот дел од сезоната.

Зад себе има искуство во клубови од: Украина, Малта и Албанија, исто така настапуваше и за неколку младински селекции на Македонија.