Маркоски исполни една од желбите - пристигна првиот Македонец во Енозис (ВИДЕО)
Симоновски беше една од двете желби на Маркоски кога станува збор за македонските фудбалери, покрај Бесир Демири од Работнички. Напаѓачот оваа сезона ја почна во тимот на Башкими за кого на 12 натпревари постигна три гола, а првпат во кариерата ќе игра на Кипар откако претходно настапуваше во Русија, Хрватска, Казахстан, Финска, Романија, Косово и Узбекистан.
Симоновски веќе му се приклучи на новиот клуб и се очекува да дебитира претстојниот викенд, во дуелот со Аполон.