Невремето во Германија одложи два натпревари од Бундеслигата

Од закажаните утрешни мечеви во најдобрата германска фудбалска лига, два нема да се одиграат поради невремето кое зафати делови од оваа земја.

Одложени се натпреварите Сент Паули - Лајпциг и Вердер - Хофенхајм.

„Според моменталните временски прогнози, не може да се гарантира дека условите ќе ги исполнат безбедносните барања во Бундеслигата до почетокот на натпреварот. Поради лизгави патишта и прекини во локалниот и меѓуградскиот превоз, невозможно е да се обезбеди безбедно пристигнување на гледачите на стадионот“, се вели во соопштението на Вердер.

Не се исклучува можноста до утре да се одложи и уште некој меч во Германија.