Кузмановски МВП на турнирот во Швајцарија!
Најдобар на теренот со Швајцарија беше Марко Митев кој го постигна и голот во последните секунди (ТУКА), но признанието за МВП на турнирот заврши во рацете на нашиот капитен Филип Кузмановски.
Кузмановски исто така беше и единствен претставник на Македонија во идеалниот тим на турнирот.
По настапот во Швајцарија, Македонија патува за Хернинг каде што на 16-ти јануари го играме првиот натпревар против домаќинот Данска.