Штутгарт го одигра најдобриот натпревар сезонава и го прегази Леверкузен (ВИДЕО)

Фудбалерите на Штутгарт го декласираа Баер во Леверкузен на гости со убедливи 4-1 во рамки на 16. коло од германската Бундеслига.

Со оваа победа, двата тима сега имаат по 29 бодови и се наоѓаат на четвртото и петтото место на табелата, додека ист број бодови има и третопласираниот Лајпциг, кој има натпревар помалку.

Штутгарт во овој дуел го одигра најдобриот натпревар во сезоната и така уште во првото полувреме го реши прашањето на победникот. 

Резултатот беше отворен преку Либеник во седмата минута кој постигна и уште еден гол во 45 минута, а за дебакл за домаќините уште во првите 45 минути се погрижија Мителштад и Ундав.

Во вториот дел Штутгарт сигурно ја чуваше високата предност, а Леверкузен постигна само утешен гол преку Грималдо.