Тер Штеген сака да брани, избрал клуб кој ќе му даде минутажа?
Како што е познато, по тешката повреда на коленото која ја доживеа минатата година, Тер Штеген падна во втор план кај тренерот на Барса, Ханси Флик.
Ова посебно дојде до израз по доаѓањето на Жоан Гарсија, кој брани во одлична форма и ја има довербата на стручниот штаб.
Според шпанските медиуми, Тер Штеген сега наводно бара нова средина со цел да ја „оживее“ кариерата и да си обезбеди место во германската репрезентација за претстојното Светско првенство, а како можна дестинација се споменува Жирона.
Голманот кој пристигна во Барселона во 2014 година и запиша 291 настап во Ла Лига е одлучен да се врати меѓу стативите на репрезентацијата на Германија за Мундијалот и верува дека ако има минутажа во вториот дел од сезоната тоа може да се случи.