Maките за Слот продолжуваат, Ливерпул доби ужасни вести за повредата на Бредли

Ливерпул сезонава игра далеку под очекувањата, а сега тимот на Слот доби уште еден сериозен удар за продолжение од сезонта.

Десниот бек Конор Бредли ќе го пропушти остатокот од сезоната поради повредата која ја заработи во четвртокот на дербито против Арсенал, кое заврши без голови.

22-годишниот фудбалер во наредните денови ќе мора да биде подложен на оперативен зафат со цел да се санираат оштетувањата на коската и лигаментите. Иако станува збор за сериозна повреда, добра вест за Ливерпул е што не е во прашање пукање на предниот вкрстен лигамент.

Од клубот соопштија дека сè уште не е потврдено кога Бредли ќе се врати, меѓутоа медиумите се сигурни дека сезонава тоа нема да се случи.

Во оваа ситуација на Островот потсетија и на потегот на Мартинели при повредата кога го неспортски го удри Бредли со топката додека тој лежеше на теренот.