Работнички со новиот тренер го почна походот кон опстанок во Првата лига (ФОТО)
Тимот од Дебар Маало го очекува тешка битка за опстанок бидејќи првата полуетапа ја заврши на претпоследната позиција на табелата со само седум освоени бода, дури девет помалку од Пелистер кој е прв над зоната за испаѓање. Тимот е во серија од пет порази и 11 меча без триумф во првенството, а последната победа (практично и единствена досега) ја оствари на 18 септември кога го совлада Пелистер со 3-0 на домашен терен. Како последица на сето тоа, екипата смени дури четворица тренери во досегашниот дел од сезоната.

Единствена светла точка се настапите во Купот на Македонија каде Работнички обезбеди пласман во четвртфиналето.

Задачата на Работнички е дополнително отежната бидејќи неодамна тимот остана без еден од своите најдобри фудбалери Демир Имери кој ја продолжи кариерата во кипарскиот Енозис.


