Елмас и Наполи со бод се враќаат од Милано, Мектоминеј му даде два гола на Интер! (ВИДЕО)

Интер и Наполи одиграа возбудливо реми со четири голови, натпреварот заврши 2-2, Елиф Елмас ги одигра сите 90 минути и беше асистент на првиот погодок на Наполитанците.

Елмас имаше одлично издание на овој меч, беше стартер и остана до последниот судиски свиреж, добрата игра ја круниса со асистенција.

Мечот беше отворен уште во деветата минута кога Димарко му донесе водство на Интер од 1-0.

Во 26. минута фантастична акција на Наполи, Елмас асистираше до Мектоминеј кој изедначи на 1-1.

Течеше 70. минута кога Мхитарјан беше фаулиран во шеснаесетникот на Наполи, судијата по прегледување на ВАР покажа на белата точка, а на Конте му додели црвен картон поради протести.

Чалханоглу ја реализираше најстрогата казна и го врати водството на Интер, овојпат од 2-1.

Но, Наполи не се предаде, во 81. минута Ланг асистираше до Мектоминеј кој повторно даде гол и ги постави конечните 2-2.