Ел Класико лудило во Џеда: Три гола во судиското продолжение од прво полуфреме!
Барселона и Реал Мадрид играат исклучително возбудливо Ел Класико, страшни 45 минути, особено во крајот од првиот дел.
Резултатот беше отворен во 36. минута кога Рафиња даде гол за водство на Барселона од 1-0.
Во втората минута од судиското продолжение Винисиус се прошета од центарот низ одбраната на Барселона и даде гол за израмнување на 1-1.
Веднаш потоа по асистенција од Педри, Левандовски мајсторски погоди и го врати водството на Барселона. Се чинеше дека Каталонците сепак ќе заминат со предност на одморот, но не беше така.
Во следната акција Гонзало Гарсија даде гол за 2-2 и за комплетирање на неверојатното прво полувреме.