Асистенција на Елмас по една супер акција на Наполи во дербито против Интер! (ВИДЕО)

Македонскиот фудбалер Елиф Елмас запиша асистенција во мечот меѓу ИНтер и Наполи, стрелец на голот беше Скот Мектоминеј.

Интер имаше водство од 1-0, но во 26. минута од натпреварот Наполи изведе една фантастична акција која резултираше со гол на Мектоминеј за израмнување, а асистент на погодокот беше нашиот Елмас.