Баерн немаше милост за Волфсбург - му даде осум гола! (ВИДЕО)

Баерн Минхен имаше страшен старт на новата година откако со неверојатни 8-1 го торпедираше Волфсбург во меч од Бундеслигата.

Баварците поведоа уште во 5. минута кога Фишер си постигна автогол, но Волфсбург брзо се врати, осум минути подоцна Пејчиновиќ израмни на 1-1.

Домаќините го вратија водството во 30. минута кога Луис Диаз постигна гол за водство на Баерн од 2-1. Тоа беше и резултатот од првото полувреме.

Баерн водеше но ништо не наговестуваше катастрофа за гостите, а таа се случи.

Во 50. минута Олисе даде гол за 3-1, а три минути подоцна Јенз си постигна автогол за 4-1.

Течеше 68. минута кога Гереро погоди за 5-1, а во следната акција Кејн постигна убав гол за 6-1.

Во 76. минута Олисе со својот втор гол даде гол за 7-1, а конечните 8-1 ги постави Горецка на две минути пред крајот.