На Еркан Мурсели му е доделена невозможната мисија да го спаси Шкупи!

Шкупи денеска ги почна подготовките за вториот дел од сезоната, а го промовираше и новиот тренер, тоа е Еркан Мурсели.

Чаирскиот тим во есенскиот дел од сезоната освои само еден бод, па ќе биде вистинско чудо ако успее да се спаси од испаѓање.

„Еркан Мурсели е именуван за тренер и го презеде раководењето на ФК Шкупи во еден од најтешките моменти за клубот. Денес, Мурсели ја одржа и првата тренинг-сесија со екипата, симболичен, но важен почеток, кој испрати јасен сигнал за максимална посветеност и чесна работа. Во овој период, кога зборовите имаат многу помала тежина од делата, неговото присуство и активната улога во тимот се јасна порака дека Шкупи започнува ново поглавје, со одговорност и целосен фокус на враќање на екипата на вистинскиот пат“, објави Шкупи.