И на Реал му се случува: Грешка во почетната постава - Гонзало на местото на Ѓулер (ФОТО)
Во стартниот состав фигурираше името на Арда Ѓулер, но Турчинот, всушност, не бил во плановите на Чаби Алонсо. Шанса од првата минута ќе добие напаѓачот Гонзало што значи дека Реал, сепак, ќе има класична „деветка“.
Гонзало постигна хет-трик минатата недела против Бетис, а се истакна и на Светското клупско првенство минатото лето каде беше најдобар стрелец на Реал.