Уникатен подвиг на Медведев - освои 22 трофеи во исто толку градови!

Рускиот тенисер Данил Медведев на одличен начин ја започна 2026 година и триумфираше на АТП турниирот во Бризбејн каде што стигна до својот 22 трофеј во кариерата.

Посебно е интересно што успеа да го освои и во 22-тиот различен град. Во финалето Медведев беше подобар од Брендон Накашима кого го доби со сигурна игра и 2-0 во сетови (6-2, 7-6).

Првиот сет помина во целоснна доминација на Медведев додека во вториот Накашима даде поголем отпор.

Медведев направи брејк за 3-2, но потоа Накашима успеа да се врати и да го однесе мечот во тај-брејк, сепак таму Русинот беше сигурен со 7-1 за конечна победа.

Фото: ЕPA