Aрсенал прв прими гол, па го прегази Портсмут, хет-трик на Мартинели (ВИДЕО)

Фудбалерите на Арсенал без поголеми проблеми ја скокнаа првата пречка во ФА Купот славејќи со 4-1 против второлигашот Портсмут.

Натпреварот не започна како што очекуваше лидерот во Премиер лигата и Бишоп по само три минути игра го доведе Портсмут во водство. Сепак, многу брзо Аренал се врати и веќе во осмата минута резултатот беше 1-1, сопствената мрежа ја погоди Дозел. Мартинели се погрижи и за 2-1 во 25. минута.

Мадуеке имаше прилика во 43. минута и да го зголеми водството, но не реализираше пенал. Во второто полувреме сликата на теренот не се промени, а Мартинели со два гола комплетираше хет-трик за конечни 4-1.