Брајтон го исфрли Јунајтед од ФА Купот и тоа на Олд Трафорд! (ВИДЕО)

Рубен Аморин замина, но проблемите останаа, Манчестер Јунајтед на свој терен загуби од Брајтон со 1-2 и доживеа елиминација од ФА Купот.

Ништо ново од Манчестер Јунајтед, навивачите на овој клуб повторно доживеаа разочарување.

Брајтон поведе со гол на Груда уште во 12. минута од натпреварот.

Јунајтед се мачеше да израмни, но наместо тоа, гостите дадоа уште еден гол, овојпат Велбек погоди за предност од 2-0.

Во 85. минута Шешко постигна гол и донесе надеж дека Јунајтед може да се спаси, но тоа не се случи.

За две минути Лесеј доби два жолти картони и од 89. минута Јунајтед остана и со фудбалер помалку.