Реал е бренд: И кога не освојува трофеи - најмногу пари заработува!

Минатата година беше резултатски една од најнеуспешните за Реал Мадрид во последните децении, но затоа на финансиски план може да се каже дека беше речиси совршена.

 „Кралскиот клуб“ во 2025 година остана без најважните трофеи, откако Барселона ги освои сите три домашни титули, додека во Лигата на шампионитее Реал беше запрен во четвртфиналето.

Сепак, слабите резултати на теренот не се одразија негативно врз финансиските бројки на клубот. Мадридскиот весник „АС“ објави листа на клубови кои во 2025 година продале најмногу дресови и оствариле најголема заработка од спонзорите што се рекламираат на нивните дресови, а и во двете категории на врвот се „кралевите“.

НАЈПРОДАВАНИ ДРЕСОВИ ЗА 2025 ГОДИНА

Реал Мадрид – 3.133.000

Барселона – 2.940.000

ПСЖ – 2.546.000

Баерн Минхен – 2.377.000

Интер Мајами – 2.166.000

ЗАРАБОТКА ОД СПОНЗОРИ:

Реал Мадрид – 260 милиони евра

Манчестер сити и Барселона - повеќе од 200 милиони евра

Манчестер јунајтед и ПСЖ – околу 200 милиони евра