Меч кој ќе се прераскажува во Франкфурт, Дортмунд се спаси од пораз! (ВИДЕО)
Колото во Бундеслигата почна со исклучително интересен и возбудлив натпревар.
Борусија Дортмунд поведе уште во 10. минута со гол на Баиер, но не траеше долго нивната предност, во 22. минута Узун го изедначи резултатот.
Во 68. минута Нмека ја врати предноста на Дортмунд погодувајќи за 2-1, но овојпат нивното водство траеше уште пократко, само три минути подоцна Ебноталиб израмни на 2-2.
Течеше 92. минута кога Дохуд даде гол за комплетен пресврт и водство на Ајнтрахт од 3-2, се чинеше дека домаќинот го доби мечот, но тука не беше крајот.
Чуквуемека постигна гол во 96. минута за израмнување на 3-3. Тоа беше конечниот резултат.