Црвена звезда се распадна во Каунас, тежок пораз од Жалгирис!

Кошаркарите на Црвена звезда го доживеаа третиот пораз на последните четири натпревари во Евролигата откако денеска беа прегазени на гостувањето кај Жалгирис со 32 поени разлика, литванскиот тим победи со 99-67.

Уште во првата чевртина се виде дека на Црвена звезда денеска лошо ѝ се пишува во Кауна. Првите десет минути домаќинот ги доби со 26-12 и потоа до крајот одира лесен меч.

На полувремето беше 47-28 за Жалгирис. Црвена звезда беше добра само во треиот период кој го доби со 24-21, а во последните десет минути и се случи катастрофа, беше 31-15 за домашниот тим за конечна победа од 99-67.

Жалгирис одигра тимски, па и покрај високата победа играч на Црвена звезда беше најефикасен на натпреварот, тоа беше Монеке со 18 поени. Најмногу за литванскиот тим реализираше Тублис, 17.