Домаќинот не се шегува, Мароко го победи Камерун за полуфинале!
Фудбалерот на Реал Мадрид, Брахим Дијаз одигра уште еден одличен меч и даде гол во победата на Мароко.
Со негов погодок во 26. минута Мароканците поведоа со 1-0. Тоа беше резултатот од првото полувреме.
Во вториот дел гол даде и Саибари, тој погоди во 74. минута и ги постави конечните 2-0 за Мароко.
Во полуфиналето Мароко ќе го чека подобриот од дуелот меѓу Алжир и Нигерија.
Фото: X/African cup of nations