Камерунците се бесни: Судијата го однесе Мароко во полуфинале!
Тој со две одлуки го оштети Камерун и му помогна на Мароко да се пласира во полуфинале. Најпрво во 74. минута не покажа очигледен втор жолт картон за Биал Ел Кануси, а потоа во 69. минута не досуди пенал поради старт на Адама Массине над камерунскиот напаѓач Брајан Мбему. Може да видите на овој ЛИНК.
Навивачите на Камерун, но и неутралните љубители на фудбалот на социјалните мрежи искажаа бес на судиските одлуки.
„ВАР не ни го советуваше судијата да провери дали има пенал за Камерун“, „Африканската фудбалска конфедерација (КАФ) многу се труди домаќинот Мароко да го освои трофејот“, „Срамно и патетично од КАФ“, се дел од коментарите.
Интересно е што овој судија не ни требаше да го суди мечот. Прв избор беше египетскиот судија Армин Омар, но тоа не им се допаѓаше на Мароканците. Тие жестоко се бунеа, по што дојде до промена на судијата.