Партизан се врати од -16 и убедливо го победи Дубаи!

Партизан со убедливи 88-74 го победи Дубаи во меч од 31. коло во Евролигата, црно-белите во финишот од првиот дел губеа и со огромни 16 поени разлика, но одиграа маестрално второ полувреме и дојдоа до триумф.

Белградскиот тим имаше очаен старт на мечот, првата четвртина ја загубија со 18-26, а во вториот период имаа и 16 поени негатива. Беше 31-47, по што Партизан направи серија од 7-0 и на полувремето замина со негатива од девет поени, 38-47.

Серијата од крајот на првиот дел продолжи на почетокот од второто полувреме, Партизан продолжи да го полни кошот на Дубаи и го сврте резултатот на 49-47. Тоа беше вкупна серија од 18-0.

Но, Дубаи не се предаде, во последниот период на двапати имаа водство, сепак кога се кршеше мечот кошаркарите на Партизан беа подобри и на крајот победија со 88-74.

Тајрик Џонс со 21 поен беше најдобар кај Партизан, Ајзеа Бонга постигна 14, во составот на Дубаи најмногу поени имаше Бруно Кабенгеле 14.

Денеска се одиграа уште два меча од Евролигата, Олимпијакос со 104-87 го победи Фенербахче, Хапоел Тел-Авив со 93-82 беше подобар од Париз.