Фенер донесе ново засилување и го урна клупскиот рекорд
Фенербахче за да го купи Гендузи плати неверојатни 28 милиони евра, плус уште два можни бонуси со кои сумата може да оди уште нагоре.
Ова е најскапиот трансфер во Фенербахче и еден од најскапите во турскиот фудбал.
А добро помина и самиот фудбалер, тој ќе заработува пет милиони евра по сезона, што е двојно повеќе од она што го добиваше во Лацио.