Победи за Јута и Минесота, одложен мечот на Чикаго поради бизарна причина (ВИДЕО)

Кошаркарите на Јута џез минатата ноќ на домашен терен го победија Далас маверикс со 116-114, а неочекувано беше одложен и еден натпревар од НБА-лигата.

Јута ја доби првата четвртина со 34-29, до до крајот на првото полувреме Далас успеа да намали на само три поени негатива (55-58).

Далас стигна до пресврт во третата четвртина и водеше со еден поен предност, но Јута на крилјата на Марканен успеа да го скрши отпорот на ривалот и да слави со 116-114. Финскиот кошаркар го заврши мечот со 33 поени, седум скокови и четири асистенции.

До нови победи стигнаа и тимовите на Индијана против Шарлот (114-112) и Минесота против Кливленд (131-122).

Мечот меѓу Чикаго булс и Мајами хит беше одложен поради лошите услови на паркетот предизвикани од кондензација.

Натпреварот најпрво беше одложен за неколку часови, но потоа организаторите соопштија дека нема услови да се игра кошарка.

Фото: Facebook/Utah Jazz