Легендарен фудбалер на Баерн за малку ќе загинел со децата – имале луда среќа (ВИДЕО)

Поранешниот аргентински репрезентативец, Мартин Демикелис и неговите деца за малку избегнале трагедија на 31 декември, откако биле спасени од морето на плажа без спасувачи во туристичката зона помеѓу Сан Висенте и Санта Моника во САД.

Инцидентот се случил неколку часа пред крајот на старата година, кога Демикелис влегол во морето со децата, но силна морска струја ненадејно ги повлекла кон отворено море. Најблиската куќичка на спасувачите била оддалечена околу 500 метри од местото на настанот. Среќна околност било тоа што спасувачите во тој момент биле на пауза и сосема случајно се нашле во близина, што овозможило брза и навремена интервенција. Во првите часови по спасувањето не биле евидентирани личните податоци на лицата, но подоцна било потврдено дека станува збор за семејството Демикелис.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Diario Olé (@diario.ole)

Координаторот на спасувачката акција изјавил дека поранешниот фудбалер „добил на лото“, алудирајќи на тоа дека спасувањето било резултат на среќна случајност. Демикелис е поранешен стопер и светски вицешампион со Аргентина од Мундијалот во Бразил 2014 година. Најголемиот дел од својата играчка кариера го мина во Баерн Минхен, а настапуваше и за Атлетико Мадрид, Ривер Плејт, Манчестер Сити, Малага и Еспањол. По завршувањето на играчката кариера, тој се посвети на тренерската професија – започна во вториот тим на Баерн, а потоа ги водеше Ривер Плата и мексикански Монтереј.

ФОТО: EPA PHOTO