Нов предизвик за Македонија - гледајте го мечот со Украина во живо!

Македонската ракометна репрезентација денеска од 17.30 часот го игра вториот натпревар од „Жолтиот куп“, а ривал на „црвено-жолтите“ ќе биде Украина.

Традиционалниот турнир во Швајцарија служи за подготовка на репрезентациите пред настапот на Европското првенство (ЕП), а Македонија го почна со триумф од 32-28 против Бахреин, па вечерва се надева на нов успех против Украинците.

Натпреварот меѓу Македонија и Украина ќе може да го проследите на линкот – ТУКА.

Последниот тест на „Жолтиот куп“ за македонските ракометари е закажан за сабота против Швајцарија, по што се селат во данскиот град Хернинг каде што на 16 јануари го почнуваат настапот на ЕП против Данска.